Од свадба во смрт- детали за трагедија која ја потресе Македонија

На 01.08.2015 година околу 16,00 часот на м.в. „Пиперевско поле“ во атарот на с.Доброшинци-струмичко долж реката Турија, Димитар В.(18) заедно со уште три лица отишле да се бањаат во таканареченото место „Барата“ и по некое време истиот потонал во водата.

Откако стигнале другарите во селото и повикале помош со нив до вирот пристигнала и противпожарната единица и полициските службеници. Тогаш Димитар веќе не се гледал над водата. За кусо време бил изваден. Месното население објаснува дека не е прв пат младите од Добрашинци да се капат во вировите.

Месното население утрово полека се собираше да му оддадат последна почит на младиот Димитар.

МВР за оваа трагедија изветси во својот билтен:

На 01.08.2015 година околу 16,00 часот на м.в. „Пиперевско поле“ во атарот на с.Доброшинци-струмичко долж реката Турија, Димитар В.(18) заедно со уште три лица отишле да се бањаат во таканареченото место „Барата“ и по некое време истиот потонал во водата.

Веднаш по пријавувањето на настанот на лице место излегле Ј.О. екипи на СВР-Струмица и од ТППЕ Струмица, кои извршиле пребарување низ водената површина и околу 21,50 часот го пронашле и извадиле на површина телото на Димитар а од страна на лекар констатирано е смрт - извести полицијата.

 

 

Оцени ја веста

02.08.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа