Наместо да слават Свети Илија , жителите во шок - момче прободено до смрт

Во селото Враниќ во Белгрд наместо да се слави празникот Свети Илија , жителите на ова село се потресоа од  трагедија  која се случила пред портата на тамошната црква. Српските медиуми откирваат како дошло до убиството...

Ноќта помеѓу саботата и неделата мештанот Саша јоксиќ (39) до смрт е избоен со ноѓ додека неговиот пријател Драган Јовановиќ (22) се здоби со тешки повреди во стомакот и се бори за живот на клиничкниот центар во Србија. 

Неколку часа по трагедијата полицијата ги уапсила М.П (19) и И.А (20) од Белград поради сомневање дека го извршиле убиствотот. 

Свирепото убиство се случило на Свети Илија околу 3.30 по полноќ. Имено, Саша Јоксиќ почнал да се меша во расправијата меѓу  својот другар Драган Јовановиќ и тројца мажи кои не се од тоа село. 

ЈКога сакал да ги раздвои, напаѓачот според наводните очевидци го навредувал, го удирал, а на крајот посегнал по ножот, пишува вечерни новости. 

Семејството на настраданиот не кажа како точно се случил инцидентот, сепак велат дека пријател им се јавил да им ја соопшти лошата вест, рекол дека група млади момчиња уринирале пред портата и дека Саша ги опоменал тоа да не го прават. Сметаат дека тоа бил поводот за нападот. 

Полицијата работи на расветлување на случајот. 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.08.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега