Вработен на безнзинска пумпа во Куманово доживеал вистински хорор

Ноќеска  околу 02,00 часот во Куманово на бензинската пумпа „Авиа Оил“, засега непознато лице маскирано со бела платнена маска на главата кое во рацете држело метален предмет, најверојатно нож, со закана од вработениот одзел 16.383 денари, наполнил бензин во туба за сума од 783 денари, при што се стекнал со противправна имотна корист од 21.185 денари, по што го напуштил лице местото упатувајќи се пеш по патот во правец кон Куманово. Увид на лице место извршила екипа од полициската станица Куманово . Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

Оцени ја веста

03.08.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега