Се преставил како инспектор и ги натерал да му ги кажат ПИН кодовите од платежните картички - кривопаланчанец измамил сограѓани кои биле во притвор

Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на РМ преку СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава Г.С.(34) од Крива Паланка, вработен како полициски службеник во МВР на РМ од 2002 година, поради основано сомнение дека сторил две кривични дела и тоа “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “измама“.

Пријавениот како службено лице-полицаец во група за интервенција во ПС од ОН Крива Паланка при СВР Куманово, на 26.07.2015 година, во с.Конопница во Крива Паланка, при редовно извршување на работни задачи - надзор над мерка куќен притвор определена од Основен суд Куманово над оштетените лица М.Ц(27). и Ѓ.Ц.(28), ја злоупотребил својата службена положба и овластување со пречекоруваање на границите на своето службено овластување, на тој начин што со намера за себе да прибави противправна имотна корист, откако го извршил надзорот, повторно се вратил кај оштетените во нивниот дом при што како службено лице, искористувајќи ја состојбата на куќен притвор, ги довел во заблуда претставувајки се дека дека предходно работел како инспектор и дека бил задолжен да им ги провери состојбите на паричните средства кои ги имаат на тековната сметка бидејки истити подолго време се наоѓале во притвор и можно е некој да им ги зел парите, по што им ги побарал платежните картички со ПИН кодовите. Откако оштетените верувајќи му како на службено лице, му ги дале истите, во истиот ден и во наредните денови во повеќе наврати од банкоматот во Крива Паланка подигнал вкупен паричен износ од 63.500 денари, со кој износ ги измамил и оштетил, а со истиот износ се здобил со противправна имотна корист.

Откако при нов обид за подигање на готовина, картичката била одземена од банкоматот, а како известување на банкоматот пријавениот добил информација дека картичката не е во функција, веднаш влегол во објектот на Филијалата во Крива Паланка каде што почнал да се распрашува за важноста на платежните картички на оштетените лица, а по добиен одговор од вработениот дека со картичките нешто не е во ред истиот си заминал.

Од обавениот разговор со оштетените лица дознаено е дека откако кај нив дошол нивниот сосед тие му кажале дека на полицискиот службеник му ги дале платежните картички и ПИН кодовите, истиот сомневајќи се во неговите искрени намери, бидејки пријавениот е познат дека на повеќе лица во Крива Паланка должел пари, односно земал на заем и ни им ги враќал, телефонски се јавил во службите на АД “Стопанска Банка“- Скопје и ги пријавил предметните платежни картички како изгубени, по што истите биле блокирани, што всушност и била причината поради која банкоматот ја одзел платежната картичка.              

 

Инаку против пријавениот и предходно до ОЈО Куманово е поднесен посебен извештај за кривично дело Измама бидејки не вратил долг на лице од кое предходно зел пари на заем.

 

Воедно за пријавениот ке биде поведена и Дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина со предлог мерка отстранување од работното место согласно Колективниот договор на МВР на РМ.

 

 

Оцени ја веста

03.08.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега