Дирекцијата за заштита и спасување со апел до граѓаните на Тетово

Според извештаите од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, во вечерните часови ова подрачје е зафатено од големо невреме. 
Поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа застој во сообраќајот во дел од овој регион. Излеана е реката Пена, забележани се повеќе одрони и свлечишта. 
Дирекцијата за заштита и спасување со вработените од подрачното одделение во Тетово е излезена на терен и ја следи ситуацијата. Во овој момент се ангажирани 8 градежни машини кои помагаат во расчистување на теренот од надојдената вода. Доколку е потребно ќе бидат ангажирани и дополнителни машини. 
Според извештајот во 20:30 часот состојбата се стабилизира, се намалуваат врнежите, почнува да се повлекува реката Пена. По повлекување на водата остануваат наносите од кал и дрва. 

Се апелира до граѓаните на зафатениот регион да го намалат движењето, особено со моторни возила освен ако тоа не е неопходно, за да се овозможи несметано движење на механизацијата која работи на терен. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

ГАЛЕРИЈА: Страшни слики од невремето во Тетово во кое загинаа 4 лица а повеќе се повредени

Силно невреме во Тетово - до сега загинаа 4 лица а повеќе се повредени

 

 

Оцени ја веста

03.08.2015 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега