Расте бројот на жртви: Уште едно лице почина од невремето во Тетово

Пет лица настрадаа а уште неколку се водат како исчезнати во денешното невреме кое го погоди тетовскиот регион. Од СВР Тетово потврдуваат дека девојче на возраст од 14 години во безживотна состојба било донесено во Клиничката болница во Тетово. Нанос од вода, кал и камења во Голем Речица исфрлија и тело на десетгодишно момче чиј идентитет дополнително треба да биде утврден.

Според информации од полицијата, пристапот бил отежнат поради големите наноси на вода и камења кои со голем напор биле отстранети со помош на тешка механизација и луѓе.

Од Центарот за управување со кризи потврдуваат за уште три жртви во Шипковица, кои загинаа при лизгање на земјиштето. Состојбата во ова село е најкритична поради урнат мост.

Поради излевање на реката во село Доброшта во прекин е и сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце и обратно. Поради свлечиште и камења на патот во прекин е и сообраќајниот правец Тетово-Попова Шапка. Реонот на Жеровјане неколку часа останал без струја.

Од СВР Тетово соопштуваат дека на терен се излезени голем број екипи, противпожарна служба, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипи на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

ФОТО: Погледнете го свлечиштето во тетовско кое однесе 3 животи

ГАЛЕРИЈА: Страшни слики од невремето во Тетово во кое загинаа 4 лица а повеќе се повредени

Силно невреме во Тетово - до сега загинаа 4 лица а повеќе се повредени

 

 

 

Оцени ја веста

03.08.2015 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега