Македонски фудбалски репрезентативец тешко повреден во вчерашната сообраќајка на бензинската во Маџари

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија во фудбал, Александар Пандовски е тешко повредениот при сообраќајката кај бензинската пумпа на Макпетрол.

Со автомобил марка „голф“, Пандовски со брзина од околу 130 километри на час изгубил контрола и влетал во бензинската пумпа. Со него бил неговиот татко, а и двајцата имаат сериозни повреди. Пандовски е во животна опсаност и се наоѓа во кома.

Александар има само 23 години и има настапувано речиси за сите македонски селекции во младинска категорија, а играше за Вардар, Работнички и Хоризонт Турново, а сега се уште е член на второлигашот Еуромилк.

 

 

 

Оцени ја веста

04.08.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа