Уште едно лице се води за исчезнато во Tетовско

Шеесет и едно годишниот маж Р.Ј. од тетовското село Лисец од утрово се води како исчезнат по вчерашните катастрофални поплави кои ги зафатија Тетово и тетовско. Се уште се трага по девојчето на возраст од околу шест години.

tetovo-4_thumb_medium500_375

Од МВР потврдуваат дека животот по вчерашното невреме проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, досега го загубија четири лица.

Хашим Ф.(83) од Шипковица, А.М.(14) од Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од с. Шипковица.

Безживотните тела на  Хашим Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во Голема Речица.

Во вчерашното невреме, исто така со тешки и телесни повреди се задобиле и 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица.

Дел од нив задржани се во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување. Невремето, предизвика излевање на повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети.

Оштетени се повеќе објекти и автомобили.

 

 

Оцени ја веста

04.08.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега