ПОДЕМ: Опозицијата да не заработува поени на сметка на настраданите граѓани

Партијата ПОДЕМ изрази сочуство до семејствата на жртвите од вчерашното невреме кое го зафати тетовскиот регион и соопшти дека ги поддржува сите мерки кои ги презеде владата на Република Македонија.

Според ПОДЕМ однесувањето на опозиционите политички партии е сосема некоректно бидејќи тие се обидуваат да заработат ситен поен на сметка на несреќата на граѓаните.

„Исто така ПОДЕМ целосно ги поддржува и сите мерки кои Владата на Р. Македонија ги донесе на вонредната седница со цел што е можно побрзо надминување на целата состојба и нормализирање на животот на жителите погодени од невремето. ПОДЕМ целосно го осудува однесувањето на политичките партии од опозицијата кои сакаат да дојдат до одредени ситни политички поени на целосната несреќа на граѓаните погодени од невремето. Однесувањето на опозицијата може лесно да се протолкува и да се изрази со народната поговорка „не гледај што правам, слушај што зборувам“. Бидејќи е очигледен нивниот програмски стерилитет, недостигот од проекти и идеи наједностaвно решение е да се нападне политичкиот противник.

За илустрација на нивната безидејност и неспособност се улиците и тротоарите на општина Центар. За тоа колку има направено за граѓаните партијата која важи за сателит на СДСМ, се гледа од работата на постоечкиот градоначалник на општина Центар -  Жерновски кој својот мандат го потроши на скандали и афери додека пак парите од буџетот на општината ги потроши за шминка на улица од 100 метри, спроведување на очекувано неуспешниот референдум за градскиот трговски центар и за вработување на партиски кадри во општината.

Ова е дното кое што можеше да го допре една политика партија која меѓу другото нема кредибилитет ниту пак морално право да зборува за интересите на граѓаните и нивните секојдневни прашања.

Затоа, потсетуваме дека природна непогода согласно законот за заштита и спасување се земјотреси, поплави, лизгање на земјиште, снежни лавини и наноси, голомразица, град, суша, кои се природни и неконтролирани сили, кои ја загрозуваат животната средина и животот и здравјето на луѓето.

Апелираме до ЛДП да ги остави оние кои работат, и да не се обидува без срамно да заработи ситни политички поени на сметка на загубени животи во природна непогода“, се вели во соопштението на партијата.

 

 

Оцени ја веста

04.08.2015 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа