ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ и Заев ќе го дожиевеат 10-тиот пораз по ред од граѓаните

Оној кој дефинитивно ќе замине од политичката сцена е Зоран Заев и тоа ќе се случи на изборите на 24 април, кога СДСМ и Заев ќе го дожиевеат 10-тиот пораз по ред од граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата за медиуми на Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Oваа Влада има министри кои пред и после министерската кариера доаѓаат и работат за признати светски институции и компании, а кадрите на СДСМ доаѓаат од корумпирани општински администрации како Струмица и Куманово. Во тоа е разликата.

Граѓаните ги прочитаа срамните тактики на СДСМ, чија цел е економско закочување, назадување, тензии и конфликти и тоа ќе го казнат.

Во време на СДСМ немаше “И” од информатичка технологија, освен срамниот скандал на Шекеринска и тендерите кои ги добиваше Семос.

Во време на СДСМ пристапот до интернет беше 9 а сега е 70%. Тогаш немаше а сега има компјутери во сите основни и средни  школи. Тие не даваа а ние даваме ваучери за студентите да набават таблет компјутер. Цената на телефонскиот импулс сега е за 80% поефтина отколку во време на СДСМ. Има дигитална телевизија и 4G мобилна телефонија.

Донесен е најмодерен закон за администрација кој има и повеќе од европските стандарди. Се донесе и нов закон за општа управна постапка кој нуди голем број позитивни работи за граѓаните кои ќе им заштедат и време и трошоци.

Тоа се само мал дел од работите кои покажуваат дека ние работиме со дела и факти, а СДСМ само со краза и золчност, и тоа се дел од прицините заради кои СДСМ на 24 април ќе доживее тежок пораз.

СДСМ нека продолжи со својата зачмаеност, ние продолжуваме со работа на над 2000 проекти.

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега