Поднесен обвинителен акт за злосторникот поради кој загина новинарката од Македонско радио

Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе обвинителен акт против лицето поради кое новинарката Сузана Тодоровска Павловска го загуби животот.

Во соопштението од обвинителството, истрагата за сообраќајната несреќа што се случи минатиот месец е завршена и е поднесен обвинителен акт против едно лице за кривичното тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Според наодите добиени од спроведените дејствија, обвинетиот во состојба на пијанство под дејство на алкохол (1,52 промили во крвта и 2,42 промили во урина) и наркотични средства – канабис го управувал своето возило „опел корса“ со брзина од 83 км/час при што загубил контрола и удрил во сега починатата.

Во исто време со обвинителниот акт, Основното јавно обвинителство – Скопје стави и посебен Предлог за продолжување на мерката – притвор.

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа