Пукање во село Лопате – полицијата го блокираше излезот кон Куманово

Некаде после 21 часот, жителите на село Лопате, со фотографија испратена до редакцијата на Кумановски Муабети, информираа дека во селото има зголемено присуство на полицијата, откако одекнала стрелба од огнено оружје.

Жителите на селото, испаничени поради ситуацијата, информираа дека излезот од селото кон Куманово преку железничката пруга бил блокиран од страна на полицијата.

Како што дознава порталот Кумановски муабети  од  полиција дека се работи за вооружена престрелка на локални жители, и не се пријавени човечки жртви.

Според СВР Куманово, во престрелката има ранети лица.

Извор: Кумановски муабети

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега