Неофицијално: Има повредени во престрелката во кумановско

Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили, објави Куманово њуз.

Според неофицијална информација во престрелката има повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано.

Поради вооружената пресметка блокиран е патот кон Липково, а на лице место заминалe возила со специјалци.

Просторот го надлетуваат и хелихоптери.

ФОТО: Кумановски маубети

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега