ДЕТАЛИ: Починаа дедо и внук - пронајдена петтата жртва во тетовско

Шеесет и едно годишниот Раиф Јусуфи од селото Лисец кој пред три дена беше пријавен за исчезнат по невремето во Тетово и тетовско е пронајден починат вчера вечерта. Неговото безживотно тело кое било во фаза на распаѓање го пронашле четворица тетовци во близина на наплатната рампа Тетово-Гостивар кои собирале старо железо, пишува Курир.

Починатиот Раиф е втора жртва во едно семејство од силното невреме. Седум годишното детенце кое е првата жртва која ја зеде невремето му е внук на Раиф. Пред да почне невремето дедото и внукот заедно напасувале овци. Телото на малото момче беше пронајдено во двор од куќа во Речица, исфрлено од водата.

 Неговото тело ќе му биде предадено на семејството за погреб.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега