Македонски Телеком ја задржа водечката позиција во фиксниот и мобилниот сегмент во првото полугодие од 2015

Македонски Телеком АД-Скопје ја задржа водечката позиција во фиксниот и мобилниот сегмент во првото полугодие од 2015 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат неревидираните консолидирани финансиски резултати согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). По присоединувањето на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, а согласно Спогодбата за присоединување и Анексот кон истата, од 1 јануари 2015 година сметководствената евиденција ја води само Македонски Телеком.

Приходите од продажба во првото полугодие од 2015 година изнесуваат 5.035 милиони денари, што претставува намалување од 5,8 отсто во споредба со истиот период од 2014 година.

Добивката од редовното работење пред оданочување на крајот од првото полугодие од 2015 година изнесува 631 милион денари и е намалена за 10,4 отсто споредено со истиот период од минатата година, што го рефлектира намалувањето на приходите делумно компензирани од помалите трошоци. Вкупната нето добивка на крајот од првото полугодие од 2015 година изнесуваат 548 милиони денари. Капиталните инвестиции на крајот од првото полугодие се во висина од  367 милиони денари.

Македонски Телеком на крајот од првото полугодие од 2015,ја одржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со удел од 61,9 отсто. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 17 отсто споредено со истиот период од  2014 година, со бројката од 229 илјади корисници Македонски Телеком е на лидерската позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол или IPTV на крајот од првото полугодие од 2015 година се зголемени за 3,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Базата на DSL корисници на крајот од првото полугодие од 2015 година остана стабилна во споредба со истиот период од 2014 година и изнесува 189,4 илјади корисници, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет изнесува 49,8 отсто, според интерните податоци.

Македонски Телеком оствари добри резултати со дигиталната телевизија. Бројот на корисници постојано се зголемува, што резултираше со база од 99,6 илјади корисници на IPTV на крајот од првото полугодие од 2015 година или зголемување од 4,6 отсто во споредба со истиот период од 2014 година. Со тоа Македонски Телеком ја задржа водечка позиција на ТВ пазарот достигнувајќи 23,3 осто од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки.

Во мобилниот сегмент, Македонски Телеком има водечка позиција  на пазарот со удел од 46,7 отстo согласно интерната проценка. Базата на претплатници на крајот од првото полугодие од 2015 година изнесува 1.180 илјади претплатници и е зголемена за 1,2 отсто во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 1.166 илјади претплатници.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првото полугодие од 2015 година се намалени за 12,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите. Трендот на зголемено користење на мобилните услуги продолжи, при што сè повеќе минути се опфаќаат во пакетите за иста цена. Следствено, како одраз на намалувањето на тарифите и зголемената конкуренција, просечниот приход по корисник е намален за 8,3 отсто во споредба со истиот период од 2014 година.

Приходите од неговорни услуги се зголемија за 11,2 отсто во споредба со истиот период од 2014 година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем податочен сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега