Исповед на патник од изгорениот автобус - „Внатре беше мрак, децата се гушеа“

Автобусот кој превезувал туристи од Будва за Белград, вчера изгоре кај кањонот Морача. За среќа немаше ниту еден повреден, од 58 патници, а најверојатно лошата инсталација беше причина за автобусот да се запали, пренесуваат српските медиуми.

„Кога тргнавме за Белград, направивме пауза кај кањонот Морача. Штом продолживме, после 15 минути, додека бевме во еден тунел, почувствував мирис од чад. Одма знаев дека автобусот се запали, а кога погледнав низ прозорецот видов пламен. Возачот, само што излеговме од тунелот, застана и тогаш чадот и огнот почнаа да влегуваат внатре. Настана голема паника. Внатре беше мрак, децата се гушеа, вриштење и плачење... Луѓето на излезот се заглавуваа, па настана уште поголема паника“, се сеќава патникот Горан Лазиќ.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега