Голем пожар беснее на грчкиот остров Крф

Голем шумски пожар кој денеска изби на грчкиот остров Крф излегува од контрола и поради тоа локалните власти побараа авиони канадери, изјави шефот на грчката противпожарна служба Апостолос Вардекис.

500604x272-600x270

Тој истакна дека пожарот избил далеку од населени места, но силниот ветар отежнува напори на пожарникари и може да го насочи пожарот во несакан правец.

Во гаснењето на пожарот се мобилизирани 24 пожарникари, седум против-пожарни возила, неколку општински возила и два мали авиона.

Вардекис нагласи дека засега не се знае причината за пожарот.

 

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега