„Визниот режим на БиХ не е загрозен“

Босна и Херцеговина не е во опасност да и се воведе визен режим бидејќи ги исполнува своите обврски, изјави денеска во Сараево министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнадак.

- Тоа прашање не е на дневен ред на која било релевантна институција во ЕУ, туку повеќе се работи за исфорсирана новинарска приказна која се појавила во одделни медиуми, смета Црнадак.

Тој додаде дека БиХ треба да продолжи да ги исполнува своите обврски и работејќи така не треба да се грижи оти ќе дојде до нови рестрикции за патување на босанските граѓани.

Црнадак се осврна и на можната опасност за босанските граѓани, бидејќи БиХ, како и Хрватска, е потписничка на Коалицијата за борба против ИД, велејќи дека сите земји потписнички на глобалната коалиција за борба против тероризмот се во опасност. 

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега