Тачи би можел да бидат обвинет за воени злосторства

 

Специјалниот суд за воени злосторства извршени од страна на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), што треба да биде формиран наскоро, би можел да покрене обвиненија против повеќе истакнати лидери на косовските Албанци, меѓу кои и против актуелниот вицепремиер и шеф на косовската дипломатија Хашим Тачи, објави белградскиот весник „Вечерње новости“. 

Според весникот, покрај против Тачи, обвиненија за воени злосторства би можеле да бидат покренати и против поранешниот премиер и актуелен министер на безбедносните сили Агим Чеку, министерот за транспорт Фатмир Лимај и братот на екс-премиерот Рамуш Харадинај, Даут, познат како „команднат Малиќи“.

Под голем притисок на Западот, на почетокот на неделава косовското Собрание ги одобри измените на Уставот со што се овзоможи формирање на Специјалниот суд, чие седиште, според неофицијални информации, би можело да биде во Хаг.

Спрецијалниот претставник на меѓунардодната заедница во Косово, Самуел Жбогар, по усвојувањето на уставните измени, изјави дека се очекува првите обвиненија Судот да ги објави на почетокот на идната година.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега