ХОРОР: На депонија пронајдена човечка нога!

Работниците на депонијата во Лесковац пронашле вчера дел од човечка нога, сеуште нераспаднато стапало со потколеница.

Човечката нога е откриена во секторот за рециклирање, за време на селектирање на отпадот, собран за време на ноќта од неколку локации во градот.

- Прво мислевме дека е кукла, но кога лентата со отпадот се приближи сфативме дека се работи за човечка нога, која сеуште беше во нераспадната состојба. Занемевме од изненадување, а потоа случајот веднаш го пријавивме кај надлежните, раскажува еден од работниците кои биле на смена.

Надлежните на депонијата не сакаа да го коментираат случајот, со образложение дека полицијата им го забранила тоа. Од друга страна, од полицијата ниту го потврдија ниту го демантираа случајот, велејќи дека е рано да се говори за тоа.

Во Лесковац се шпекулира дека необичниот отпад е исфрлен од Општата болница во Лесковац, но нејзиниот директор Небојша Димитријевиќ остро ги демантира гласините.

- Тоа е апсолутно невозможно бидејќи медицинскиот отпад е одвое од комуналниот отпад. Отстранетите делови од човечите тела, со ригорозна контрола и со пропратна документација, се спалуваат во болничката печка, објаснува Димитријевиќ.

Центарот за рециклирање беше затворен неколку часа, додека полицијата вршела увид, а работниците стравуваат да не пронајдат уште некој дел од човечко тело.

 

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега