Инцидент во Струга: Жена повредена од залутен куршум

Вчера во 22.30 часот во селото Лабуништа-Струга во дворот од семејната куќа С.А., откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје,  се пожалила на болка во главата бидејќи нешто силно ја удрило. Кога истата се допрела забележала крв, а кога станала од столот на кој што седела, од нејзе паднал и проектилот со кој што била погодена. На истата и е укажана лекарска помош во медицнскиот центар во Струга, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од полициската станица од Струга.

 

 

Оцени ја веста

08.08.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега