Шест годишно дете потешко повредено во сообраќајка во Тетово

Шест годишно дете од Куманово било потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 18 часот на булеварот Видое Смилевски Бато во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации во несреќата автомобил БМВ со швајцарски регистарски таблички управуван од Л.Ф.(26) го удрил детето кое пешки го преминувало булеварот.

-Од ударот детето се здобило со скршеница на десната натколеница и повреди на главата  и по укажаната права помош во тетовската клиничка болница било префрлено на скопските клиники каде било задржано за натамошно лекување, рече Јосифовски.

Тетовската полиција по овластување на јавниот обвинител извршила увид на местото од сообраќајката и според првичните информации причина за несреќата е невнимателно преминување на улицата од страна на детето

 

 

Оцени ја веста

08.08.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега