Груевски: Ако опозицијата е конструктивна ќе се запазат роковите од договорот од Пржино

Доколку опозицијата е конструктивна како што сме ние, навреме ќе заврши процесот за избор на специјален јавен обвинител и состав на ДИК, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали политичките парти ќе успеат да ги запазат роковите предвидени во договорот од Пржино.

Прашан дали ВМРО – ДПМНЕ има црвени линии во политичките преговори со опозицијата, Груевски нагласи дека црвените линии на партијата се Уставот, законите и вољата на граѓаните.

- Нашите црвени линии се секогаш Уставот, законите и вољата на граѓаните, подвлече Гуревски во изјавата дадена по посетата на Технолошко-индустриската развојна зона Охрид – Струга.

 

 

Оцени ја веста

08.08.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега