Скопјанецот Ќамил конечно зад решетки

Ќамил Ј.(54) од Скопје кој осум месеци се бара за  издржување казна затвор, вчера попладне е приведен на граничниот премин „Табановце“, соопшти полицијата.

При пасошка контрола за излез од Македонија е констатирано дека Ќамил Ј. е на СТОП листата и дека по него се трага од 24 декември 2014 година, а треба да издржува казна затвор во траење од еден месец и 10 дена.

По приведувањето во 14:20 часот, Ќамил Ј. е предаден на Полициската станица при СВР - Куманово за натамошна постапка. 

 

 

Оцени ја веста

09.08.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега