Делови од Скопје утре без струја - проверете дали е вашиот

Корисниците од село Грчец утре од 9:30 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Ѓуро Салај“, „Пробиштипска“ бр. 18 и „Мице Козар“ во општина Ѓорче Петров, а од 11 до 14:30 часот и дел од корисниците од населбата Капиштец во општина Центар.

Во периодот од 8 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат и сите објекти позади Порта Македонија (Пелистер, ресторани, кафулиња, сендвичари,..., на плоштадот „Македонија“).

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега