Странски студенти ограбени во студентски дом во Скопје

Неколку странски студенти ограбени во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Студентите за Press24 велат дека минатата ноќ додека тие спиеле, непознати сторители влегле во нивната соба и им украле се што било вредно. Според информациите, станува збор за странски студенти кои се дојдени во Македонија на едномесечна пракса во македонското јавно здравство.
Како што велат, случајот бил пријавен во полиција, која дошла на местото и извршила увид. Студентите велат дека иако студентскиот дом има свое обезбедување, тоа не сака да преземе никаква одговорност за кражбата.

До овој момент се уште не успеавме да обезбедиме потврда на информацијата од полицијата.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега