Супер вест: Од полноќ големо поевтинување на бенизните и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои значително се намалуваат.

benzini500

 

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,50 ден/лит и од денес на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,404 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,287 ден/кг.

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега