Драма во Охрид среде бел ден

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид против Р.А.(22) и Е.К.(19) двајцата од Скопје,  поднесе кривична пријава.

Скопјаните вчера околу 17 часот и 30 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид во момент кога полициски службеници вршеле контрола на сообраќајот прописно сопреле патничко моторно возило марка „Форд Ескорт“ со скопски регистарски таблици и од возачот Р.А. побарале возачки документи.

-Во следниот момент, двајцата пријавени вербално и агресивно реагирале и од полициските службеници на висок тон побарале да не им се доближуваат, по што им упатиле закани за убиство. Револтиран што полицискиот службеник продолжил со службените активности, пријавениот Р.А. се обидел физички да го нападне кинејќи му делови од униформата. При обид да влезе во неговото патничко возило, со нога го повредил другиот полициски службеник, информираат од полицијата.

Нападот врз полициските службеници во кој се вклучил и второпријавениот Е.К.- сопатник во возилото, бил одбиен а двајцата, по консултација  со јавен обвинител се приведени во СВР Охрид.

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега