Проверете дали ќе останете без струја

Од 8.30 до 11.30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците на ресторани, кафулиња и сендвичарници на плоштадот „Македонија“, дел од корисниците зад порта „Македонија“, како и корисниците од зградата „Пелистер“. 

Во периодот од 8.30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Метохиска“ и „Гвадалахара“, како и дел од корисниците од улицата „Индира Ганди“ кај Џиди Комерц во општина Шуто Оризари.

Корисниците од улицата „Вера Циривири-Трена“ во општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја од 9 до 11 часот.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“ и „Роза Луксембург“, како и дел од корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.6 во општина Центар. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот. 

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега