Ја тепал до смрт: Соседите слушнале повици за помош, но никој не реагирал

-Ќе ме убие, ќе ме убие!, викала Маријана Лончериќ (38) во станот на Самоборска улица во Загреб ноќта кон неделата. Соседите го слушнале нејзиното викање, но поради гласната музика која свирела во станот не знаеле што да направат.

Нејзиното безживотно тело на креветот е пронајдено во неделата околу 16 часот. Прво ја повикале Брзата помош бидејќи несреќната жена на телото имала многу модрици. Главата и била целата крвава и потечена, а нејзиното лице било речиси непрепознатливо од повредите.

Крв имало и по перниците и постелнината. Докторите можеле само да констатираат смрт. Полицијата привела еен маж. Наводно се работи за нејзиниот партнер, со кој била во врска подолго време. Приведениот маж од порано и бил познат на полицијата поради кражби, насилно однесување и обид за убиство.

- Уапсивме едно лице кое го поврзуваме со смртта на жената. Таа е на испитување, а истрагата е во тек, изјави Даниел Жугел, началник на загребскиот Сектор на криминалистичката полиција.

Увидот во станот на првиот кат во кој Маријана со години живеела како подстанар, траел до доцна во ноќта, а инспекторите ги испитувале сите соседи. Инаку, како што посведочија соседите, полицијата често доаѓала во станот на Маријана.

- Сешто се случувало тука, беше краток еден од станарите во соседниот влез. Друг сосед додаде дека од станот често се слушала гласна музика. Полицајците повеќепати ја предупредувале дека го крши јавниот ред и мир, но од тоа немало никаква корист. Во нејзиниот стан биле и во петокот и саботата наутро.

 

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега