Хрватското МНР бара помош од други држави - не се знае што се случува со Томислав

Хрватското Министерство за надворешни работи денеска повтори дека Владата во соработка со други држави континуирано прави се што е во нејзина моќ да биде решен случајот на Томислав Салопек, кој е киднапиран од радикалните исламисти во Египет, но нема нови информации за неговата судбина, пренесе МИА.

Хрватското МНР потенцира дека сите држави до кои се обратиле за помош се одѕвале, но не прецизира за кои држави се работи, пренесува Танјуг.

Судбината на Салопек и понатаму е неизвесна, неколку денови откако истече ултиматумот од групата Покраина Синај, египетски огранок на Исламска држава.

Салопек е киднапиран на 22 јули на подрачјето на Каиро, а исламските милитанти на 5 август се заканија дека за 48 часа ќе го убијат ако египетската Влада не ги ослободат уапсените муслиманки. Киднаперите оттогаш не се огласија, а египетските безбедносни сили покренаа голема потрага по Салопек.

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега