Прилепчанка повредена на пешачки премин - возачот избега

Жена на возраст од околу 50 години е тешко повредена на пешачки премин во центарот на Прилеп, јавува Дневник.

Пред да дојде итната помош, возач на такси и полиција се обидуваа да и дадат брза помош на жената која дава знаци на живот. Според сведоците, жената бил удрена од комби возило додека поминувала на пешачки премин и отфрлена во задното стакло на паркиран такси.

Возачот на комбето не застанал, туку избегал од местото на несреќата. Полицијата го бара комбето. Се очекува на местото на несреќата да дојде јавен обвинител и да ги собери податоците за причините на несреќата, пишува Дневник.

 

ФОТО: Дневник

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега