Скокнал во морето и му го спасил животот - починал еден час по доброто дело

Давид Копчич од Марибор му помогнал на маж кој имал грч во ногата, а откако му го спасил животот додека пливале, доживеал инфаркт и починал. Ккао што пренесуваат медиумите, 41-годишниот Словенец починал од срцев удар откако спасил живот.

- Мојот брат беше со чамец на морето, а само што се закотви, слушна како некол довикува за помош. Се работеше за маж на околу 50-годишна возраст кој се давеше во водата бидејќи го фатило грч. Веднаш скокна во водата и отплива до човекот, а потоа стигнаа и други луѓе кои ги слушнаа криците за помош. Човекот беше спасен благодарение на брзата реакција, вели за Јутарни, братот на Давид, Денис Копчич.

По спасувачката акција, Давид отпливал до чамецот, а потоа доживеал срцев удар додека се враќал кон обалата, само неколку минути откако спасил живот.

Брзата помош веднаш пристигнала но залудно. 

Неговиот брат со тага во очите вели, каква иронија е животот. Човек кој спасил живот, заминал во смрт.

Нека почива во мир!

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега