Детали за трагедијата во Тетово: Си го убил братот ден по смртта на нивната мајка

Грозоморно братоубиство се случи синоќа во Тетово. Како што дозна Пресс24 од полициски извори, 55 годишен тетовчанец со нож го убил својот брат во семејната куќа по жестока расправија.

Ккао што денеска пишува Дневник, се работи за 55-годишниот Ј.И. од Тетово кој на улицата Караорман, околу 13 часот во текот  на вчерашниот ден, го убил својот две години помлад брат А. И. а потоа самиот се пријавил во полиција. Нивните соседи не можат да поверуваат што се случило, со оглед на тоа дека претходниот ден на двајцата браќа им починала мајката. 

Шокираните соседи велат дека имало караници во куќата на четворицата браќа, но не очекувале ваква разврска на настаните, пишува Дневник.

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега