Гледам кон вратата и очекувам во секој миг да се појават - Зорка во сообраќајна несреќа ги загуби синот и снаата

Уште една трагедија ја потресе цела Србија. Брачниот пар Горан (47) и Јадранка (40)од Вратач погинаа, а нивните две деца, ќерката (11) и син стар од 15 месеци се повредени во сударот меѓу  автомобилот марка „Фијат стило“ и автобусот со кои патниците одеа на летување во Бечичи во Црна Гора.

 Несреќата се случила  во понеделникот околу полноќ во селото Рејлинци кога автомобилот преминал на левата страна и директно се судри со автобусот.  Од силниот удар моторот од Фијатот летал околу 40 метри. Сопружниците на лице место загинале, додека децата се префрлени во болница.

Утрото по трагедијата во домот на Горан завладеа молк. Роднините и пријателите се собираа околу мајката на Горан обидувајќи се да најдат утеха за нејзината болка. Несреќната жена во неверување и под седатив само гледала кон отворената врата, како да очекува дека во секој момент синот и снаат ќе се појават. 

- Наместо да ги прегрнувам, синот, снаата и внуците, дознав дека ги нема. Очекував дека ќе се појават на врата, но полицијата ни соопшти дека Горан и Јадранка загинаа.. Се прашувам како. Не знам што точно се случило. Ми се јавија дека тргнале од Шушања  и дека прават пауза во некој ресторан, раскажува Зорка. мајката  на Горан.

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега