Во стомак носам бебе кое мора да умре - Ана со шокантна исповед

Трудницата Ана А. (35) од Крагуевац веќе седум дена чека да добие одобрение од Етичката комисија за да ја прекине ризичната бременост.  Лошата организација во болницата и администрацијата и ги зголемуваат маките.

Етичката комсија во Клиничкиот центар во Крагуевац е едно тело кое може да одобри прекинување на бременоста. Меѓутоа, моментално Етичката комисија не работи бидејќи и недостасуваат два члена кои се на боловање, а нивната замена е на одмор. 

- Секоја минута ми е како година.Имам болки, не можам да спијам. детето во стомакот се поместува, а знам дека нема живо да се роди. Немоќна сум и принудена да чекам. Му пишав на минстерот, но не добив никаков одговор, вели Ана за српски Блиц. 

Бременоста на Ана била нормална, редовно одела на контрола,  направив аминоцентеза и резултатите биле добри. 

Меѓутоа, кога влегла во седмиот месец од бременоста, на 3. август, гинекологот утврдил дека нешто не е во ред. 

- Тогаш ми беше речено дека бременоста не може да се одржи. Дијагнозата е дека бебето не може да преживее, дека стомакот и бебето се полни со вода. И од тогаш чека на Етичката комисија. До четвртокот минатата  недела ја чекав во болница таа комсиија. Тогаш дознав дека нема комисија  бидејќи лекарите се на боледување и на одмор. Шокирана сум бидејќи детето ми мрда во стомакот, а однапред е осудено на смрт. Сега чекам комисијата во Белград, која е закажана за среда, вели Ана.А.

Таа нависитна разбира дека се на одмори, но се прашува дали некој моеже да ја разбере низ кој пекол поминува таа.

- Прашање е кога се ќе ми се искомплицира. Ги исплакав сите солзи, а сега се плашам и за својот живот. Кога некој ќе ме оперира? Дали ќе се вратам на нормалниот живот и повоторно да имам деца, прашува загрижената Ана.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега