Хорор лето за детенце од Охрид

Тројца малолетници му приредиле хорор на детенце во Охрид. На крајот на минатиот месец околу 23 часот и 30 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид малоелтниците влегле во двор од семејна куќа и со метална палка на расклопување нападнале малолетник кој во дворот бил со неколку другари. Него му задале повеќе удари по телото со што телесно го повредиле и ја загрозиле неговата сигурност. Истовремено насилниците предизвикале загрозување, страв и несигурност и кај останатите малолетници кои биле во дворот од куќата.

Металната палка што ја имале, подоцна ја закопале во земја на нивата сопственост на родителот на еден од пријавените.

По консултација со јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи, СВР Охрид ги повика малолетните лица и во присуство на нивните родители изврши разговор во врска со казненото дело. Употребената метална палка е пронајдена и одземена

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега