Грција ќе увезува овчари од Албанија

Грција ќе увезува овчари од Албанија за чување на стадата во областа Епир во западниот дел на земјата, пишува весникот „Етнос“, 

Грција планира од Албанија да ангажира 650 овчари, а нивната бројка може да достигне и до 750. 

Ангажирањето на овчарите се одвива во согласност со надлежните власти, при што на странците ќе им биде обезбеден законски престој, работа и плата од околу 500 евра, како и социјално осигурување.

Целта на оваа мерка меѓу другото е и да се легализира престојот на албанските овчари, кои инаку нелегално работат и без осигурување во тој регион и чести пати имаат проблеми со властите.

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега