Сталин се обидел да го убие Тито дури 22 пати!

Најпознатиот, наводно бил обидот за труењеод страна на руските лекари кои биле испратени во СФРЈ, но атентаторите се фатени во намерата и вратени на Сталин, но во мртовечки ковчег.

Една од најмистериозните работи поврзани за односот на советскиот лидер Јосиф Васиоронвиќ Сталин и Јосип Броз Тито, се однесува на наводните обиди за убиство на југословенскиот лидер од страна на СССР а легендата вели дека се изведени дури 22 неуспешни атентани.

Можноста за атентатот со труењето ја пронашол историчарот Љубодраг Димиќ составувајќи „Зборник на документи за југословенските советски односи од 1945 до 56 година објавен деновиве, а кој содржи досега необјавени документи од руските архиви“.

Голем дел од приказните за можните атентати на Јосип Броз Тито останале непотврдени, но според новооткриениот транскрипт на разговори меѓу Сталин и човекот број два на Тито Едвард Карделји, Димиќ вели дека е можно да ја пронашол и потврдата за „медицинскиот атентат“ на Тито.

Се сомнева дека прв ја изнел еден од луѓето од осигурувањето на Тито и негов соборец генерал Милан Жежељ, а во својата книга, „Брозови сравови“ го опишал Миладин Адамовиќ. Имено според неговото тврдење, 1947 година кога односите меѓу двајцата лидери не биле толку сјајни, југословенскиот маршал се разболел од напад на слепо црево, по што е установено дека мора да оди на операција.

Иако цела една соба во резиденцијата на Тито била преуредена во операциона сала, со сите лекри и друг медицински персонал, на големо изненадување се појавиле руски специјалисти, со порака дека лично Сталин ги испратил да му помогнат на Тито.

 

Тој ги примил, како што тврди Жежељ, наводно поради тоа што рускиот лидер ќе се налутел во спротивно, и да не се заострат односите со Кремељ. Останатот е забележано дека операцијата ја извршиле Русите, и дека Тито потоа не се чувствувал добро, односно дека раната му се загнојиа, па се претпоставува дека медицинските инструменти со кој бил опериран биле затруени.

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега