„Да го украдеме Лука, ќе заработиме многу пари“

На жичната ограда од живеалиштето на мајмунот Лука, кој во понеделникот вечерта беше цел на филмска кражба во скопската Зоолошка градина, се' уште се забележуваат исечени делови. По санацијата, отворот сега е многу мал, па преку него не може да се протне ниту толку мало животно како 1,5 година стариот павијан. Свежи се трагите на земјата, каде што кавадаречката брачна двојка копала за да си направи простор за да го извлече Лука., пишува Утрински весник.

Кражбата на деценијата, како што беше оквалификуван понеделничкиот настан, била снимена на една од 24 видеокамери на зоолошката градина. Сите се исправни. Според извори на весникот, не се точни првичните тврдења на осомничената кавадарчанка, според која, „морала“ да го украде мајмунчето поради плачот на нејзиното шестгодишно глувонемо дете.

-Кражбата траела петнаесетина минути. Мажот, жената и детето кое било со нив, стоеле пред живеалиштето на Лука. Го хранеле со смоки, иако тоа е најстрого забрането. Разговарале меѓу себе колку е убаво животинчето, ковале планови како да го украдат, бидејќи ќе земеле многу пари за него. Потоа, клекнале и почнале да копаат по земјата, односно да ја сечат жицата“, раскажуваат извори на Утрински.

 Според нив, станува збор за добро разработена шема, бидејќи поставената жица била многу квалитетна и не можела да се исече со каква било опрема. Во прилог на овие тврдења оди информацијата дека во последниот период, кавадарчаните дури осум пати ја посетиле зоолошката градина во Скопје.

Целиот текст може да го прочитајте на следниот ЛИНК.

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега