Хрватскиот премиер: Според досега виденото егзекуцијата на Салопек навистина се случила

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави денеска дека не може стопроцентно да ја потврди егзекуцијата на хрватскиот државјанин Томислав Салопек, но како што рече од досега видените и утврдени факти, тоа за жал навистина се случило, пренесе МИА.

Милановиќ на вонредната прес-конференција рече дека Хрватска нема да престане, заедно со претставници на надлежните служби на другите држави, да трага по Салопек, се додека не се изгуби и последната надеж.

- Се плашам дека, иако не можам стропроцентно да потврдам, дека по првпат на хрватски државјанин му се случи она што за жал им се случуваше и на други граѓани, рече Милановиќ.

- Живееме во слободен свет во кој се случуваат непредвидени ситуации, додаде тој.

- Хрватска нема да учествува во борбени акции против т.н. Исламска држава, рече хрватскиот премиер и потврди дека уште денеска е направен обид да се потврди автентичноста на фотографиите од погубувањето. 

Салопек на 22 јули во Египет го киднапираа радикални исламисти.

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега