ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: ИСИС го погуби заробениот Хрват

Салопек е егзекутиран поради учество на Хрватска во војната против ИД, а убиен е откако истече рокот од 48 часа, кој го доби египетската Владата за ослободување на затворениците.

Ова е пораката која е објавена на Твитер профил.

Официјална информација на Министерството за надворешни работи се уште нема.

Томислав Салопек беше киднапиран на 22 јули, наутро додека со службен автомобил патувал на работа до француската компанија за која работел. Неговиот автомобил бил пресретнат од вооружена група и од тогаш му се губи траг!

isis1

Пред една недела беше објавена снимка на која во камера тој го пренесува идентитетот и објаснува дека ИД е спремна за неговиот живот да ги размени „муслиманските затвореници“ во египетските затвори. За да го исполнат тоа египетските власти имаа 48 часа на располагање.

 

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега