Се влошува здравствената состојба на косовскиот српски лидер Оливер Ивановиќ

Се влошува здравствената состојба на косовскиот српски лидер, претседателот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, кој веќе шести ден штрајкува со глад во притворот во Косовска Митровица, информира српскиот весник „Блиц“.

Информацијата ја соопшти заменик претседателката на неговата партија, Ксенија Божовиќ.

Ивановиќ е многу ослабен за време на штрајкот, што го почна за да издејствува одлука за негово ослободување од притвор.

-Неговата здравствена состојба се влошува со секој нареден ден, а сега можеме да кажеме и со секој нареден час, рече Ксенија Божовиќ.

Директорот на српската владина служба за Косово, Марко Ѓуриќ, вчера испратил писма до мисиите на ОН и ЕУ во Косово, УНМИК и ЕУЛЕКС, во кои од нив побарал да се ангажираат за Ивановиќ да може да се брани од слобода.

Митинзи за поддршка на Ивановиќ деновиве се одржаа во Косовска Митровица, Приштина  и Нови Сад. 

Ивановиќ штрајкот со глад го почна откако судскиот совет на ЕУЛЕКС му го продолжи притворот до 6 октомври. Ток е во притвор од 27 јануари минатата година под обвинение за извршени воени злосторства.

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега