Босилка Младиќ: Сигурна сум дека мојот сопруг не извршил злосторство

Сопругата на Ратко Младиќ, кому му се суди во Меѓународниот трибунал за воени злостроства и е сметан за главниот виновник за масакрот на 8.000 муслимани во Сребреница, денеска во судот изјави дека нејзиниот сопруг „не е можно да го извршил злосторството“ и дека не треба да биде осуден, пренесоа српските медиуми.

Босилка Младиќ, која денеска се појави во судот како сведок на одбраната, изјави дека во јули 1995 година генерал Младиќ бил со неа во Белград во деновите во кои, според обвинението, армијата на Република Српска ги стрелала муслиманите од Сребреница.

Давајќи му алиби на својот сопруг Босилка Младиќ денеска изјави дека 14 до 17 јули, кога муслиманите од Сребреница во најголем број биле убиени, двајцата биле во нивниот стан во Белград, а на 16 јули заедно заминале на свадба, а потоа и на средба со српските иселеници во Канада на Военомедицинската академија во Белград.

Таа уште додаде дека кога ги слушнала тврдењата за масовни убиства во Сребреница, кои ги нарече „пропаганда“, го зпарашала својот сопруг дали тој ја издал наредбата за тоа, на што тој ја погледнал и ја прашаал: „Зарем се сомневаш во мене?“

-Сигурна сум дека мојот сопруг не можел да изврши такви дејанија и затоа мислам дека не заслужава да биде осуден. А инаку го осудувам секое злосторство, дури и доколку мојот сопруг го извршил, подвлече Босилка Младиќ.

Тврдењето на сведокот дека Младиќ за време на масакрот бил во Белград досега не беше оспорено во процесот против него. Обвинението, меѓутоа, тврди дека Младиќ од Белград командувал со своите единици во Босна и Херцеговина, кое одбраната го негира.

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега