Нов руски список - рампа за Албанија и Црна Гора

Русија планира да забрани увоз на храна во западните земји и пошироко на уште некои држави, вели потпретседателката на владата Аркадија Дворковиќ.

„Русија која од август минатата година го забрани увозот на повеќе прехрамбени намирници со Западот, планира да забраната ја прошири на уште некои држави кои ги поддржаа санкциите на ЕУ против Русија“, изјави Дворковиќ.

Руското министерство за надворешни работи испрати предлот листа за забранети производи за увоз од уште седум земји, а меѓу нив се наоѓаат и Црна Гора и Албанија.

Рускиот премиер Димитри Медведев изјави минатата недела дека е можно да биде проширена листата на земји на кои Русија ќе им воведе ембарко на увоз.

 

Како што наведуваат руските агенции, станува збор за Црна Гора, Албанија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн, Украина и Грузија, кои одлучија да ги поддржат санкциите кои ЕУ ги воведе на Русија.

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега