Драма: Пукање во Гевгелија

Вистинска драма се одвивала утринава околу четири часот во близина на местото „Виолета Парк“ во Гевгелија. Според податоците, две момчиња и една девојка чиј идентитет засега е непознат, во возило марка „Рено Меган“, вооружени со пиштоли, им се заканиле на двајца Сиријци и им одзеле мобилни телефони, пари и две потврди за барање за азил. 

 

За драмата да биде уште поголема, непознатите насилници испукале два куршуми во воздух за да ги заплашат мигрантите.

Полицијата работи на случајот, се трага по сторителите.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега