Малолетник направил крвава семејна драма во Гостивар

Петнаесетгодишен малолетник од Гостивар со нож го нападнал дедото и ја натепал две години постарата сестра. Полицијата го фатила малолетникот, кој наскоро за проблематичното однесување ќе заработи соодветна пријава.

Според податоците,  66-годишниот М.М. вчера околу 22 часот пријавил дека бил физички нападнат од внукот, кој во еден момент извадил нож и му нанел расеченица на левата надлактица. Момчето претходно, откако влегло во дворот на семејната куќа се нафрлило врз сестрата и почнал да ја удира. За го спречи насилството и да ја заштити внуката, дедото се обидел да го отргне внукот, но притоа добил удар во главата и расекотина во левата рака.

По санирањето на повредите во гостиварската болница, случајот бил пријавен во полиција, а во консултација со јавен обвинител, малолетникот во присуство на социјален работник бил повикан на разговор. 

 

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега