Обид за убиство во Струга

 

Струшката полиција поднесе кривични пријави против дваесет и двегодишниот албански државјанин Г.Б. и 39-годишниот Д.З. од струшкото село Радолишта поради обид за убиство. На 16 декември минатата година пет минути по полноќ на локалниот пат Велешта-Октиси, се обиделе да го убијат 36-годишниот А.С. од Велешта, кој се здобил со огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите.

Според податоците, настанот се случил во близина на неговиот дом кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка „Мерцедес“. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ без регистарски таблици паркирано во близина на неговата куќа, од совозачката страна излегол првопријавениот Г.Б. и испукал повеќе куршуми кон А.С. по што заедно со второпријавениот Д.З. кој го управувал возилото и со умисла помогнал во извршувањето на кривичното дело, веднаш избегале. Повредениот А.С. итно бил пренесен во општата болница во Струга.

 

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега