ОТКРИЕНО: Ова се имињата на убијците на Томислав

Дол Клав и Аах Саина се имињата кои светот долго ќе ги памети бидејќи тие го убија хрватскиот заложник во пустинското подрачје на Синај, пишува во пораката на „Твитер“ од Исламската држава, која ја пренесоа странските медиуми. Како што напиша Јутарни, фотографијата од наводното убиство на Томислав Салопек е снимена во пустина, а според положбата на сонцето кое е прилично ниско, таа е направена или рано наутро или квечерина и поакжува дека повеќе насилници го ликвидирале Хрватот. 

Ова е првпат Исламската држава да ги објавува имињата на егзекуторите . Засега од убиството има само фотографија и аудио снимка.

Инаку, Салопек беше киднапиран на 22 јули во Каиро, додека со службениот автомобил патувал на работа во француската група „Компани женерал де геофизик“.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега