Саше ми умре на рацете - мајката ги тужи лекарите поради смртта на својот единец

Смртта на Саше Анѓелковиќ (41) од се селото Сикола кај Неготин, кој умрел откако му се слошило во саботата, а Итната помош одбила два пати да дојде и да му помогне. Мајката на Саше откако на нејзните раце почина нејзниот син веднаш поднесе кривична пријава против лекарите. 

- Го изгубив единецот. Тој го хранеше семејството. Нема да застанам додека не ја дознаам вистината. Само неа ја барам. Дали лекарите имаа право да одбијат да дојдат и да му помогнат  на мојот Сашо, вели мајката за српски Ало. 

Откако одекна веста за трагедијата од министерството веднаш излегоа со својот став

-  Лекарите на Итната помош мораат да бидат подготвени  и на повикот на граѓаните да реагираат правовремено и адекватно. Се уште не знаеме што конкретно се случило во неготин и го чекаме извештајот од инспекцијата. Важно е тој случај да не биде неразјаснет, бидејќи семејството Анѓелковиќ изгуби еден член, изјавиле од министерствотот за здравство

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега